Кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон преживеа страшна сообраќајка во Истанбул. Успеа да мине без посериозни повреди откако контејнер од камион падна врз неговиот автомобилот
Контејнерот паднал врз автомобилот откако возачот на камионот пред него закочил. Видел дека на надвозникот под кој поминувал пишувало дека е за до висина од четири метри.
Bakırköy’de bir tırın dorsesi üst geçide çarptıktan sonra, Anadolu Efes basketbolcusu Bryant Dunston’ın kullandığı otomobilin üzerine devrildi.
Kazada yaralanan Bryant Dunston, araçtan çıkarılarak hastaneye kaldırıldı. (DHA) pic.twitter.com/6QeyCJuiV9
— Sporx (@sporx) April 29, 2023
Спасувачите го извадиле Данстон од задниот дел на возилото и веднаш го однеле во болница. За среќа немал посериозни повреди и освен раката, состојбата му е стабилна.
„Минувавме под еден надвозник и се зачудив кога видов дека висината е четири метри. Морав да застанам, па контејнерот падна врз автомобилот кој беше зад нас“, рече возачот на камионот за несреќата.
Од клубот на Данстон објавија на социјалните мрежи е на опсервација во болница.