Првата витилиго манакенка Вини Харлоу гола во патики позира за насловната на „Воменс хелт“

Првата витилиго манакенка Вини Харлоу гола во патики позира за насловната на „Воменс хелт“

пред 2 години

Манекенката Вини Харлоу која боледува од витилиго, позираше гола за американското списание „Воменс хелт“.

Славната канадска манекенка позира целосно гола, со само пар бели патики. Модниот едиторијал е дел од  главните теми на интервјуто, соочувањето со одбивањата во индустријата и за тоа како таа успеала да се пробие до врвот и покрај бројните осудувања.

„Прекрасно е што можам да помогнам во поттикнување на самодовербата кај луѓето, без оглед на која општествена класа припаѓаат“, изјавила Вини.

„Како прва светски позната манекенка со витилиго, таа не е само воин на првата борбена линија за инклузија на убавината, туку и херој за многу жени и девојки кои некогаш се чувствувале неудобно во сопствената кожа“, стои во објавата на „Воменс хелт“ на Инстаграм.

Канадската манекенка чие вистинско име е Шантел Витни Браун-Јанг, поради изгледот на кожата се прослави во модниот свет, кога во 2016 година прошета на модната писта на „Викторијас сикрет фешн шоу“ како прва манекенка со витилиго.

Share
Scroll to Top