По 25 операции станал зависен од таблети против болка, поранешниот глумец Хулк за тешкиот период по борбите во рингот

По 25 операции станал зависен од таблети против болка, поранешниот глумец Хулк за тешкиот период по борбите во рингот

пред 8 месеци

Поранешниот актерот и професионален борач Хулк Хоган (70) отворено зборуваше за тешкиот период и зависноста од таблети во минатото. Во изјава за Muscle And Health, рече дека одреден период не можел да функционира без апчиња, иако целосно закрепнал по 25 операции кои му ги направиле.

„Бев на лекови против болки бидејќи морав да издржам 25 операции, од кои десет на грбот, по една на лицето, коленото, колкот и на абдоменот и рамото. Имаше период, пред пет шест години, кога имав големи болки и не можев да функционирам. Кога ќе направите операција на грбот потребна ви е една година за да ви се опорави телото, а мене ме оперираа на секои четири месеци. Затпа ми требаа апчињата. Но, кога ситуацијата се смири, продолжија да ми ги даваат истите“, рече Хулк.

Глумецот откри и дека апчињата му станале секојдневие, а себеси се опиша како куче кое брка коска.

„Кога закрепнував од десеттата операција на грбот, ќе ми се јавувеа од аптека и ќе ми речеа дека лековите ми се готови, а јас брзо ќе излегов надвор за да ги земам, како куче што брка коска“, додаде тој.

Објасни и како успеал да се откаже од зависноста, а исто така призна и дека престанал да пие алкохол.

„Во еден момент се погледнав и си реков дека повеќе немам болки и дека не ми требаат апчињата. Телото ме болеше од повредите од борење, но болките не беа неподносливи и можев да ги истрпам“, рече Хулк и додаде дека по неколку месеци се откажал и од алкохолот.

Додаде и дека некои од колегите борачи го охрабриле да продолжи да пие велејќи му дека повеќе нема да му бидат пријатели ако не ги послуша. Но, Хулк рече дека не ги послушал и денес се чувствува многу подобро кога е ослободен од зависноста.

Share
Scroll to Top