Лука Дончиќ ќе ги плати трошоците за погреб на жртвите од трагедијата во Белград

Лука Дончиќ ќе ги плати трошоците за погреб на жртвите од трагедијата во Белград

пред 3 години

Далас Маверикс и словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ понудија да ги платат трошоците за погреб на жртвите од трагедијата што се случи во средата во Белград, во која 13-годишно момче уби осуммина свои врсници и член на обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“.

Дончиќ преку својата Фондација ќе ги плати и трошоците за психолошко советувалиште за семејството и пријателите на починатиот, како и за вработените во училиштето.

„Срцето ми е скршено зардаи изгубените животи, вклучително и оние на невините деца. Моите мисли се со семејствата и општеството погодени од оваа трагедија. Преку мојата Фондација барам начин итно, но и долгорочно да им помогнам на учениците, училиштата и семејствата погодени од трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“. “, се вели во соопштението на Дончиќ.

Share
Scroll to Top