Халанд играч на сезоната во Англија

Халанд играч на сезоната во Англија

пред 2 години

Новинарите го прогласија Ерлинг Халанд за најдобра играч во Англија. Здружението на фудбалски новинари традиционално ја доделува оваа награда.

Норвешкиот репрезентативец, кој оваа сезона за Манчестер Сити постигна рекордни 51 гол во сите натпреварувања, триумфираше со 82 отсто од гласовите на 800 новинари,.

Ова е највисок процент на гласови што некој фудбалер го добил од почетокот на Премиер лигата. Букајо Сака од Арсенал беше втор, пред соиграчот Мартин Одегард и Кевин Де Брујне од Манчестер сити.

Во женска конкуренција, Австралијката Сем Кер стана првата фудбалерка која ја освои наградата две години по ред, откако освои двојно повеќе гласови од Рејчел Дејли од Астон Вила. Третата е Лорен Џејмс од Челзи.

Халанд и Кер ќе ги добијат наградите на церемонија на 25 мај.

Share
Scroll to Top