Џоан Колинс го прослави својот 90-ти роденден

Џоан Колинс го прослави својот 90-ти роденден

пред 2 години





Џоан Колинс го прослави својот 90-ти роденден со својот сопруг Перси Гибсон (58)  во Лондон. Актерката од Династија ја оправда својата репутација на стилска икона и со својот изглед ѝ пркоси на возраста. Носеше гламурозен миди цветен фустан кој го надополни со бел  блејзер и  сламен шешир.

Актерката се појави расположена и мавташе кон камерите.  Филмскиот продуцент пак беше  во морнарско одело со бела кошула која ја остави делумно раскопчана.






Share
Scroll to Top