Ќе си ги исечам јајцата ако малиот не стане број 1, како Иванишевиќ се запозна со Новак Ѓоковиќ

Ќе си ги исечам јајцата ако малиот не стане број 1, како Иванишевиќ се запозна со Новак Ѓоковиќ

пред 1 година

Пензионираниот хрватски тенисер и сега тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, раскажа интересни случки од нивниот живот, а откри и како се запознале. Ѓоковиќ тогаш имал само 14 години, а Иванишевиќ рече дека ни на крај памет не му паднало дека еден ден ќе стане број еден во светот.

„Никогаш нема да заборавам кога првпат играв со Ѓоковиќ. Имаше само 14 години. Шјор Нико ми пријде и ми рече: „Гледај куме, ќе си ги пресечам јајцата ако еден ден не стане број еден“. И тоа навистина се случи. Знаете имате деца кои играат добро, а имате и такви кои во нив има само по нешто. Тоа е нешто што не може да се купи со пари. Или го имате или го немате тоа во себе“, рече Иванишевиќ.

Нивната врска привлече внимание во последните две недели меѓу хрватските медиуми кој пишуваа дека Ѓоковиќ станал како Иванишевиќ кога бил на негови години и дека станал агресивен на теренот.

Поранешниот професионален тенисер Никола Пилиќ објасни дека тоа е нормално кај секој емотивен тенисер.

„Тоа едноставно е издувен вентил што го има секој емотивен играч. Еден ден кога Ѓоковиќ беше во мојата академија, имаше само 14 години. Два часа играв со Горан и му реков: Ајде да удираме со ова мало момче едно пет минути. Таму се запознаа за првпат. Одиграа цели 25 минути, бидејќи Ѓоковиќ беше сконцентриран и одигра фантастичен меч. Горан тогаш за него беше ѕвезда. Ова е осми Грен слем што го освоија заедно и да Боже да продолжи со ова темпо. Ако е здрав, Ѓоковиќ ќе може да освои уште неколку Грен слемови во наредните две, три години“, рече Пилиќ.

Додаде дека било судено такви емотивни луѓе и асови да се сретнат во еден момент во животот. Иванишевиќ во кариерата како играч има освоено еден Вимбелдон, а како тренер освои уште повеќе турнири со Ѓоковиќ.

Прашање е до каде можеше да оди Иванишевиќ, доколку подобро ги совладаше своите емоции. Незаборавен ќе остане мечот во второто коло на „Самсунг опен“, во Брајтон во 2000 година, со Хјунг Таил Ли. На овој меч, Иванишевиќ ги искрши сите рекети кои ги имаше.

На крајот му пријаде на судијата и му рече дека нема повеќе рекети за да игра.

„Што да ти кажам“, му рече судијата Армстронг, по што Иванишевиќ стана првиот играч во историјата кој се откажал од меч заради тоа што ги скрши сите рекети и немаше со што да игра.

„Можев да купам нови, но сега ми се чини дека и тие би ги скршил“, рече Иванишевиќ, кој објасни дека истиот тој гнев кој го имал кај себе, сега го гледа и во очите на Ѓоковиќ.

„Толку пати разговаравме на оваа тема. Му реков дека може да разговараме за сè, само мора да победи, инаку имаме проблем. Значи, се додека тој победува, добар е. Кога си тренер, како на пример на Реал Мадрид, постојано си под притисок. Ќе изгубиш меч, два и ќе заработиш отказ. Во неговиот тениски живот, убаво е да се биде во финале, но на крај треба да се победи. Само Грен слемот е важен, само рекордот. Тоа е добар предизвик и веќе сум навикнат на тоа. Во тимот сум четири години и сè е во ред, се навикнав“, рече Иванишевиќ по титулата во Мелбурн.

Рече дека поминал низ слатки и горчливи моменти со Ѓоковиќ и дека останал покрај него кога сите му го свртеа грбот минатата година затоа што не сакаше да прими вакцина против коронавирусот. Дури и се разбуди во него натпреварувачки инает за да го надмине сето тоа.

Објасни дека конфронтацијата на мислења за случаи како што е вакцината, не може да ја наруши соработката меѓу двајцата. И кога сите беа против одлуката на Новак да оди на Олимпијада, ништо не можеше да му го смени гледиштето. Иако Новак падна после тоа во финалето на УС Опен.

„Пред сè, тој е многу горд и сака да игра за својата земја. Секој Дејвис куп што го играше, секоја Олимпијада. Никој не можеше да го спречи да игра на Олимпијадата. Мислам дека не погреши. Само мислам дека згреши играјќи во мешани двојки. Не требаше тоа, бидејќи на крајот беше уморен. Не играше ниту за третото место. Мислам дека затоа го загуби и финалето на УС Опен. Медведев беше многу добар. Никогаш не можете да го потцените во ниту еден момент. Тој е неверојатен играч. Тој беше подобар играч тој ден. Но, Новак не беше Новак. Нешто недостасуваше. Но, повторно, мислам дека не беше поради Олимпијадата. Тоа едноставно се случува. Тоа се случи во лошо време. Се случи во најважниот натпревар. Можеше да направи историја тој меч. Беше првиот кој имаше можност да освои Грен слем во истата календарска година. Но тој е само човек, може да има такви денови. А, кога го имате Медведев од другата страна на мрежата, мора да бидете сто проценти подготвен.

На прашањето за вакцината Горан беше директен.

„Тоа е негов живот, негова одлука. Ја почитувам и неа и неговото семејство. Искрено кажа дека ќе ја ризикува кариерата. Дури и повеќе го сакам затоа што стои застана зад тоа што го рече. Тој е единствениот човек на светот кој го кажува своето мислење. Знаете, еден ден велат едно, другиот ден друго. Тој е доследен од почетокот и затоа го почитувам уште повеќе. Се надевам дека оваа пандемија ќе заврши. Дури сега може да ги игра сите турнири. Се надевам

Се надевам дека Америка ќе се отвори за да може да игра на УС Опен во септември – изјави Иванишевиќ во април минатата година за Убитенис.

Share
Scroll to Top