Халилхоџиќ: Вележ требаше да биде шампион, но Хајдук го купи натпреварот

Халилхоџиќ: Вележ требаше да биде шампион, но Хајдук го купи натпреварот

пред 1 година

Тренерот од Босна и Херцеговина, Вахид Халилхоџиќ, во емисијата на Марио Станиќ, „(Не)успех на шампионот, се потсети на фудбалот од времето на поранешна Југославија.

Халилхоџиќ истакна две трауми од тој период, кога беше фудбалер на мостарски Вележ.

Пред се, му пречи што како еден од најдобрите играчи на Југославија во тоа време имаше маргинална улога во репрезентацијата на Светското првенство во Шпанија во 1982 година.

„Тоа е една од моите спортски трауми, заедно со она што ми се случи како тренер, кога три пати бев сменет (Алжир, Јапонија, Мароко) откако изборив пласман на Светското првенство. Тоа малку ме погоди. Јас сум единствениот играч кој не доби дозвола да ја напушти земјата на 28 години си заминав на 29 и пол години“, изјави Халилхоџиќ при гостувањето во „Арена спорт“ и додаде:

„Бевме во тешка група со Италија, која подоцна стана светски првак. Во таа селекција минав девет години и имав можеби петнаесет настапи, можеби само десет бев стандарден. Бев прогласен за најдобар играч, а бев резерва. Таму политиката имаше големо влијание. Некои играчи мораа да играат. Особено привилегирани беа играчите на Хајдук и Црвена Звезда“.

Како голема неправда Халилхоџиќ ја памети и сезоната 1973/1974 година кога Хајдук и Вележ завршија со исто број на бодови, но Хајдук беше шампион поради подобрата гол-разлика.

Во натпреварите од последното коло Вележ победи со 3:1 во Сараево, а Хајдук со 2:0 против ОФК Београд. Двата клуба завршија со 45 бода, два повеќе од Црвена звезда, но сплитскиот клуб имаше гол-разлика +28, а Вележ +20.

„Генерацијата во која играв, иако бев помлад и потоа онаа со Туце, Кајтаз… Тоа се веројатно две генерации што мораа да бидат шампиони, но нас не испокрадоа. Мојата генерација ја испокраде Хајдук. Знам го купија натпреварот во Белград против ОФК Београд, на голот беше Борота… Сето тоа го знам“, изјави Халилхоџиќ.

Share
Scroll to Top