Пекинг го претстави на светот првиот кинески оперативен систем со отворен код (ОС) OpenKylin1.0.

Според кинеската телевизија CGTN, во создавањето на овој оперативен систем базиран на оперативниот систем Линукс учествувале 3.867 програмери, 74 посебни интересни групи и 271 компанија.

„Она што им се случува на руските дивелопери со отворен код е предупредување за кинеските експерти. Софтверот без граници е само сон што никогаш нема да се оствари, а Кина мора да изгради своја заедница со отворен код“, коментира еден корисник, според CGTN.

Кинескиот технолошки сектор сака да развие оперативен систем кој би бил целосно независен од американската технологија и би можел да ги замени Windows на Microsoft и оперативниот систем на Apple, пренесува Reuters.

Оперативниот систем OpenKylin, односно неговите претходни верзии, веќе се користат во областа на финансиите, енергијата и вселенската програма.