Оскаровскиот режисер Џејмс Камерон, се чини, се соочи со лажни гласини дека снима филм за трагичната експлозија на туристичката подморница „Титан“ каде што загинаа сите пет лица за време на подводното патување до потонатиот брод „Титаник“. Тој деновиве ги отфрли наводите дека бил вклучен во разработката на филм за експедицијата „Оушнгејт“.
Холивудскиот режисер, кој го режираше оскаровскиот филм „Титаник“ од 1997 година, со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во главните улоги, го посетил познатиот потонат прекуокеански брод 33 пати. Тој претходно изјави дека е „погоден од сличноста“ меѓу овогодишната трагедија на „Титан“ и потонувањето на „Титаник“ во 1912 година.