Експедицијата на ДПС Лисец – Штип „Арарат 2023“ составена од четири планинари го освоија највисокиот врв во Република Турција од 5.137 надморска височина.
Трајче Алексов, Билјана Спаскова, Милорад Ангелов и Тоше Ристов се членовите на ДПС Лисец кои учествуваа во експедицијата.
На 19. јули во 6 часот и 25 минути по локално време експедицијата го освоила највисокиот врв во Турција „Арарт“, 5.137 мнв и со тоа стнаа првата штипска планинаска експедиција која го искачила овој врв.
„Искачувањето траеше пет дена во тешки временски услови од темпертурна разлика од + 36 до до -25 степени на самиот врв и ветер од 40 км на час. Искачувањето се одвиваше во неколку етапи и базни логори“, велат од ДПС Лисец.
Ова е голем успех на ДПС- Лисец, градот Штип и Македонското планинарство. Во моментот експедицијата се наоѓа во градот Догубајзит, Р.Турција на безбедно.