Некогаш тенисерка број 2 во светот, сега на листата непожелни

Некогаш тенисерка број 2 во светот, сега на листата непожелни

пред 1 година

На руската тенисерка Вера Звонарева (38) и е забранет влез во Полска поради државна и јавна безбедност, соопшти денеска полското Министерство за внатрешни работи. Освојувачката на бронзениот медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година беше на списокот за тенискиот турнир Варшава Опен, кој започнува во понеделник. Сепак, ѝ беше забранет влез во Полска.

“Граничната полиција спречи руска тенисерка да влезе во Полска. Звонарева е на списокот на лица кои се сметаат за непожелни на територијата на Полска”, соопшти министерството.

По пристигнувањето од Србија, тенисерката остана во транзитната зона на аеродромот Шопен во Варшава и денеска по 12 часот полета за Подгорица. Во текот на кариерата Звонарева освои 12 турнири, а во октомври 2010 година беше второрангирана во светот.

Таа година играше во финалето на Вимблдон и на УС Опен. Загуби од Американката Серена Вилијамс на Ол Ингланд клубот, а од Белгијката Ким Клајстерс на централниот терен на Флешинг Медоус.

Share
Scroll to Top