Ромелу Лукаку на крајно срамен начин се прости од своите поранешни соиграчи во Интер. Така барем тврди Лаутаро Мартинез, кој е сериозно разочаран од однесувањето на Белгиецот и за тоа зборуваше во италијанските медиуми.
Сепак, времето минува, а „нероаѕурите“ мора да најдат нова „деветка“ за новата сезона.
Изборот се сведе на четири имиња. Прв пик е Алваро Мората, кого исто така и Жозе Мурињо го посакува во Рома. Можеби најреална опција е Скамака, напаѓачот на Вест Хем, поранешен член на Сасуоло, додека резервни варијанти се Балогун, напаѓачот на Арсенал кој претходната сезона ја мина во француски Ремс, а тука е и Бето од Удинезе.
Спортскиот директор Бепе Марота и тренерот Симоне Инзаги ќе мора да изберат и да погодат со изборот.