Баерн потврди дека Мане го напушта клубот

Баерн потврди дека Мане го напушта клубот

пред 1 година

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен денеска соопшти дека Садио Мане не бил во протоколот за мечот со Каваски бидејќи преговара за трансфер во Саудиска Арабија. Баварците полека го испраќаат Мане, кој по само една сезона си ги спакува куферите, откако не ги исполни очекувањата.

Сенегалецот наскоро би требало да има се приклучи на Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ во Ал Наср.

Мане изминативе неколку дена преговараше со Ал Наср, кој секако е финансиски моќен да го убеди Сенегалецот да се пресели во Ријад две години пред истекот на договорот со Баерн.

Доколку си замине, ќе се памети дека за Баварците одигра 25 натпревари и постигна седум гола.

Share
Scroll to Top