Челси се повлече од преговорите со Јувентус

Челси се повлече од преговорите со Јувентус

пред 1 година

„Сините“ не успеаја да се договорат со Јувентус околу обештетувањето за Сушан Влаховиќ. „Скај спорт“, објави дека Челзи се повлекол од преговорите со Јувентус .

Британските медиуми пренесуваат дека Челзи и Јувентус преговарале за размена на играчи. Челси за Влаховиќ го понудил Ромелу Лукаку и 20 милиони евра. Преговорите пропаднале бидејќи од Јувентус барале 20 милиони евра повеќе.

На оваа вест најмногу ќе и се израдуваат навивачите на Јувентус, кои синоќа по егзибицискиот меч на нивниот клуб, порачаа дека не го сакаат Лукаку, бидејќи Белгиецот настапуваше за Интер.

Британските медиуми тврдат дека стручниот штаб на Челзи морал да се откаже од Влаховиќ, но и додека до крајот на преодниот рок ќе се обиде да најде решение за Лукаку, кој би можел да замине на позајмица во тим од Европа или Саудиска Арабија.

Share
Scroll to Top