Ал-Хилал го купи и голманот на Севилја

Ал-Хилал го купи и голманот на Севилја

пред 1 година

Голманот Јасин Бoну е уште едно ново засилување за Ал-Хилал. Мароканскиот интернационалец потпиша договор со клубот од Саудиска Арабија до 2026 година. За неговите права Севиljа ќе добие вкупно 21 милион евра.

32-годишниот голман последен пат играше за Андалузијците во средата кога тимот на Хозе Луис Мендилибар го загуби натпреварот од Суперкупот на Европа против Манчестер Сити на пенали.

Бону минатата сезона забележа 36 настапи за Севилја во сите натпреварувања. Брилијантно се претстави и на Светското првенство во Катар, каде Мароко стигна до полуфиналето.

Пред само неколку дена Ал-Хилал потпиша со бразилската ѕвезда Нејмар, а претходно се засили со Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали и Малком.

 

Share
Scroll to Top