Пејачот Павле Камилоски попладнево на јутјуб – каналот ја објави неговата петта по ред авторска песна „Да си моја ти“. Испеана е во модерен поп стил со примеси на фанк. Текстот е на Наташа Миха, која се појавува и како придружен вокал, а музиката на Дамир Пух.
Во спотот се појавува балерината Никита Саботниковска, а голем дел од него е снимен во Галичник.
„Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво”, вели Камилоски.
Тој е познат на јавноста по предновогодишните концерти. Оваа година концертот е закажан во МНТ на 15-ти декември со почеток во 20 часот.
Текстот (ВИДЕО) Камилоски со нов сингл „Да си моја ти“: спотот е направен во Галичник е превземен од МАКФАКС.