На се сеќавам на три години од „Пријатели“ оти бев пијан открива Метју Пери во неговата автобиографија

Трогателни сцени пред домот на Метју Пери: фановите и пријателите му оддадоа почит на актерот

пред 12 месеци

Метју Пери беше погребан во тајност во петокот, на гробиштата во Лос Анџелес, а до вечниот дом го придружуваа најблиските членови на семејството и славната петорка која глумеше со него во серијата „Пријатели“ – Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Либланк.

Пред куќата во која живееше познатиот актер обожавателите оставија цвеќиња и разни симболични предмети поврзани со неговиот живот и кариера.

Заедно со букетите цвеќе, на влезот во куќата беа оставени и фотографии од актерите од „Пријатели“, кадри од сцени со Чендлер, како и цртеж на Бетмен, кого Метју го обожавал.

Фановите се собраа во голем број и запалија свеќи за починатиот актер.

Со цел сè да помине без проблеми, членовите на семејството ангажирале чувари да ја чуваат куќата на Метју Пери.

Share
Scroll to Top