Амал е адвокатка со извонредно чувство за мода.
Амал Клуни, либанско-британска адвокатка специјализирана за човекови права и избраничката на Џорџ Клуни, е дама која без промашување знае која е нејзината мерка за моден вкус. На црвениот тепих доминира и меѓу најголемите холивудски диви, а кога е во прашање лежерната облека, многу успешно избира спој на стил и практичност.
Тоа го покажа неодамна, во Њујорк, кога избра фармерки за својот дневен стајлинг.
Темните фармерки кои малку светкаат на дното беа одлична основа за комбинација со бела ролка и темно сина јакна. Чевлите или чизмите со високи потпетици се одличен начин да ја издолжите фигурата во вакви панталони, чиј крој е многу благодарен за тоа, а токму тоа го направи госпоѓа Клуни.
Златните копчиња на јакната одлично се совпаѓаа со нијансата на прамените на Амал Клуни, а нејзината пуштена коса беше еден од украсите на нејзиниот едноставен и ефективен стајлинг.
Темните очила и масивната чанта беа се што и требаше на оваа дама за динамичен ден.
Во јуни 2017 година, Амал ги роди близнаците, девојчето Ела и момчето Александар, а оттогаш не престанува да импресионира со својот изглед, кој е само еден од моќните украси за нејзината кариера и професионален успех.