По објавите во неколку медиуми дека вработени во државни институции стојат зад веб-страниците што ја напаѓаа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, и нивното поврзување со Артан Груби, вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, го охрабри истражувачкото новинарство. За неа, неприфатливо е институциите да имаат такви веб-страници, но на новинарско прашање дали за тоа разговарала со Груби, вицепремиерката само кусо одговори – „не“.
„Сметам дека е апсолутно неприфатливо институциите да поседуваат веб-страници што ќе бидат во функција на политичка партија или каква било политичка конотација“, рече вицепремиерката Грковска, која денес имаше обраќање на работилницата „Институции за граѓаните“, посветена на вредностите и доброто управување со јавната администрација.
Вицепремиерката Грковска очекува истражните органи да преземат мерки за објавите за злоупотреби во институциите и потсети дека таа нема надлежност оти не е истражен орган, но истражните органи имаат обврска да постапуваат и по допрен глас.
Текстот За Грковска, апсолутно неприфатливо е институција да има веб-страница во функција на политичка партија, но не разговарала со Груби за тоа е превземен од МАКФАКС.