Создавањето палестинска држава е најдобриот начин за воспоставување мир, вели шпанскиот премиер

Создавањето палестинска држава е најдобриот начин за воспоставување мир, вели шпанскиот премиер

пред 1 година

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека создавањето палестинска држава е најдобриот начин за воспоставување мир и безбедност на Блискиот Исток.

„Шпанија ја споделува болката на Израел поради страшните настани од 7 октомври. Израел има право да се брани, но мора да го почитува меѓународното право. Одговорот на Израел не може да вклучува смрт на невини, вклучително и илјадници деца“, рече Санчез за време на посетата на Израел, според „Ел Паис“.

Тој порача дека хуманитарната катастрофа и страдањето на Палестинците мора да се прекине.

Текстот Создавањето палестинска држава е најдобриот начин за воспоставување мир, вели шпанскиот премиер е превземен од МАКФАКС.