Хамас ослободи 12 тајландски заложници кои не се дел од договорот за прекин на огнот, вели премиерот на Тајланд

Хамас ослободи 12 тајландски заложници кои не се дел од договорот за прекин на огнот, вели премиерот на Тајланд

пред 1 година

Тајландскиот премиер Срета Тависин изјави дека 12 тајландски државјани кои ги држел Хамас се ослободени.

Тој на платформата Х рече дека службениците на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците.

Немаше коментар од Хамас.

Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар.

Ослободувањето на 13 Израелци се уште се чека.

Околу 39 палестински затвореници, 24 жени и 15 тинејџери, ќе бидат ослободени од израелските затвори на Западниот Брег како дел од привремениот договор за прекин на огнот.

Текстот Хамас ослободи 12 тајландски заложници кои не се дел од договорот за прекин на огнот, вели премиерот на Тајланд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top