Затворени неколку патни правци поради снегот, АМСМ со важно соопштение до возачите

Затворени неколку патни правци поради снегот, АМСМ со важно соопштение до возачите

пред 11 месеци

Според најновите информации од АМСМ:

Од 17:20 часот патниот правец Струга- ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.

Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ

Од 16:15 патниот правец Гостивар-Стража e целосно затворен за сообраќај.

Од 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.

Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

Задолжително користење на зимска опрема (ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Текстот Затворени неколку патни правци поради снегот, АМСМ со важно соопштение до возачите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top