Бразилецот сака да го продолжи договорот со Челзи

Бразилецот сака да го продолжи договорот со Челзи

пред 12 месеци

Бразилскиот фудбалер на Челзи, Тиаго Силва сака да го продолжи договорот со клубот.

Тиаго Силва (39) има договор со „сините“ до јуни следната година, а бразилскиот фудбалер планира да игра и во сезоната 2024/2025 за тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Британските медиуми велат дека Бразилецот докажал дека се уште може да игра на врвно ниво, а Тиаго Силва е исклучително популарен меѓу клупските фанови.

Силва пристигна во Челзи во 2020 година, а со „сините“ во 2021 година ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Пред Челзи играше за ПСЖ, Милан, Флуминенсе, Динамо Москва, Порто, Хувентуд и Футебол.

Силва оваа сезона одигра 13 натпревари за тимот од „Стемфорд Бриџ“ и постигна еден гол.

За бразилската репрезентација настапи на 113 натпревари и постигна седум гола.

Share
Scroll to Top