Роналдо би можел да загуби милијарда долари поради тужба во САД

Роналдо би можел да загуби милијарда долари поради тужба во САД

пред 12 месеци

Фудбалерот Кристијано Роналдо заработува огромни пари рекламирајќи разни производи и брендови, а само еден таков ангажман би можел да го чини милијарда долари. Имено, неодамна во САД беше поднесена колективна тужба против Binance, најголемата берза за криптовалути во светот.

Тужителите тврдат дека нивните клиенти инвестирале во Binance токму поради поддршката што му ја давал на овој бренд португалскиот фудбалер. Како резултат на инвестицијата имало големи загуби, а поединци останале без се’ што поседуваат. Сега бараат обештетување.

Роналдо влезе во соработка со Binance во ноември минатата година кога компанијата ја објави својата прва CR7 колекција на незаменливи токени (NFT). Најевтиниот NFT од колекцијата CR7 чинеше 77 долари, додека сега, една година подоцна, неговата цена е околу 1 долар.

Обвинителите тврдат дека рекламите на Роналдо довеле до зголемување на интересот за Binance за 500 проценти. Покрај тоа, Роналдо не откри колку е платен за рекламирањето, што според американските закони требал да го направи. Засега ниту Роналдо ниту Бинанс не ја коментираа тужбата.

Share
Scroll to Top