Франциско Родригез ќе му биде тренер на Димитриевски во Рајо

Франциско Родригез ќе му биде тренер на Димитриевски во Рајо

пред 11 месеци

По неочекуваното заминување на Андони Ираола, кој го презеде премиерлигашот Борнмут, Рајо Валјекано денеска го потврдија својот нов тренер, Франциско Родригез.

45-годишниот Родригез е поранешен тренер на Алмерија и Џирона, а беше без работа откако доби отказ од Елче на почетокот на минатата сезона. Тој ќе има презентација во Мадрид во понеделник и ќе треба да ја подобри одличната сезона на Рајо, кои завршија на 11. место со неколку поени од местата кои водат во Европа.

Share
Scroll to Top