Италијанските карабинери го уапсија Гаетано Ангрисано, еден од 100-те најопасни италијански бегалци, доцна вчера на роденденската забава на неговиот двегодишен син, пренесува „Анса“.
31-годишникот е високорангирана личност во кланот Ванела Граси од неаполската мафија Камора.
Полицијата му стави лисици на рацете додека го прославуваше роденденот на својот син во Скампија, област зафатена со криминал во јужниот град.
Во операцијата беа вклучени повеќе од 250 карабинери. Ангрисано мора да издржи 10-годишна затворска казна за криминален заговор за трговија со дрога.
Текстот На роденденот на синот уапсен еден од најбараните италијански мафијаши е превземен од МАКФАКС.