Русија соопшти дека одлуката на Европската унија да ги отвори пристапните преговори со Молдавија и Украина може да ја дестабилизира ЕУ.
„Преговорите за пристапување во ЕУ може да траат со години или децении“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека „ЕУ отсекогаш имала строги критериуми за прием и очигледно е дека ниту Украина ниту Молдавија не ги исполнуваат тие услови“, пренесува Ројтерс.
„Јасно е дека ова е апсолутно политизирана одлука, желба на ЕУ да демонстрира поддршка за тие земји. Но, таквите нови членки можат да ја дестабилизираат ЕУ“, рече Песков.
Текстот Русија: Одлуката да ги отвори пристапните преговори со Молдавија и Украина може да ја дестабилизира ЕУ е превземен од МАКФАКС.