И на фаворизираната страна на Арсовска, воздухот во Скопје е нездрав, а мерки нема

И на фаворизираната страна на Арсовска, воздухот во Скопје е нездрав, а мерки нема

пред 1 година

Скопјани и вечерва дишат загаден воздух, покажуваат двете веб-страниците за мерење на квалитетот на воздухот – iQair и WAQI.

Така, според страницата „iQair“ Скопје вечерва е на десеттото место во светот според загаденоста. Според овие податоци, индексот на квалитетот на воздухот во главниот град изнесува 176, што укажува на ниво опасно по здравјето. Во исто време, концентрацијата на ситните честички прашина ПМ 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да му наштетат на здравјето, е 20,8 пати поголема од вредноста што ја смета за дозволена Светската здравствена организација (СЗО).

Градоначалничката Данела Арсовска, претходно денес, ги оспори податоците од „IQair“ како невистинити . Упати на следење на светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот.

Но, и таму, скопскиот воздух не е пријатен за дишење, додека според овие податоци, состојбата во Струмица е поалармантна со измерени 336 микрограми на метар кубен.

Сепак, бројките во скопските населби се далеку над дозволените граници.

Лисиче

Гази Баба

Центар

Карпош

Ѓорче Петров

 

Скопје вечерва е загадено и според податоците објавени на страната на Министерството за животна средина.

И покрај високите бројки, но и видливоста на загадувањето вечерва и без нив, засега не се воведени мерки на територијата на Скопје.

 

 

Текстот И на фаворизираната страна на Арсовска, воздухот во Скопје е нездрав, а мерки нема е превземен од МАКФАКС.