(Видео) Жота на столбот на срамот откако избори пенал за Ливерпул

(Видео) Жота на столбот на срамот откако избори пенал за Ливерпул

пред 11 месеци

Ливерпул и Њукасл ја отворија Новата година со незаборавна пресметка на „Енфилд“ која домаќините ја добија со резултат 4:2.

Клучна улога на натпреварот имаше Диого Жота, кој влезе во игра во 64. минута и учествуваше во постигнувањето на два гола. Најпрво му асистираше на Џонс за водство од 2:1, а на крајот падна во шеснаесетникот и изнуди пенал, по што доби низа критики од големите имиња во светот на фудбалот.

Имено, кога во 85. минута го мина голманот на гостите Мартин Дубравка, тој падна, бидејќи имаше благ контакт меѓу него и чуварот на мрежата. Според многумина, Португалецот претерал со реакцијата, бидејќи имаше можност да постигне гол на празна мрежа. Некои тврдат дека симулирал.

Легендата на Њукасл, Алан Ширер го нападна Жота, коментирајќи го неговото однесување.

Ова е с.р.. Какво одлично симулирање!“, напиша поранешниот голгетер на социјалните мрежи.

Комплетната ситуација ја прокоментира и Ијан Рајт, легендарниот напаѓач на Арсенал.

„Повеќе сакате да паднете за да добиете пенал, отколку да одите напред и да ја сместите топката во празен гол! Сега можам да кажам дека сум видел се, доста е!”.

Истото мислење го имаше и Џејми Карагер, легендата на Ливерпул.

„Зошто не постигна гол!!!”

Џон Тери додаде:

„Како побогу е ова казна? Шокантна симулација! Уште полошо е што ВАР потврди се“.

На крајот зборуваше и Гери Невил:

„О не. За тоа не можеш да дадеш пенал“.

Share
Scroll to Top