Навивачите на Јуве се свртеа против „стаорецот“ Де Шиљо, кој соработува со истрагата

Навивачите на Јуве се свртеа против „стаорецот“ Де Шиљо, кој соработува со истрагата

пред 1 година

Тифозите на Јувентус се свртеа против нивнот бек, Матија де Шиљо, обвинувајќи го за „предавство“, откако тој ги покажал СМС пораките кои ги добивал од Џорџо Кјелини за „местенките“ околу исплаќањето на платите за време на пандемијата на КОВИД-19.

Јувентус е под истрага на јавното обвинителство на Торино за финансиски малверзации, кои вклучуваат вештачки зголемени цени на фудбалерите за да се внесат повисоки суми во клубот, и исплаќање на фудбалерите „на црно“. Официјално, играчите се согласија да се откажат од четири месечни плати за време на пандемијата на КОВИД во 2020, но клубот им исплаќал „скриено“, а капитенот Кјелини им праќал СМС пораки на остатокот од тимот.

Според италијанските медиуми, овие пораки биле покажани на јавниот обвинител во Торино од холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт, кој веќе замина во Баерн Минхен и од страна на Де Шиљо. На Инстаграм објавата за враќање на тренинзи на Де Шиљо, тој е бомбардиран со навреди, обвинувајќи го дека е „стаорец“, „предавник“ и „наркоман“.

Share
Scroll to Top