24-часовниот штрајк на вработените во јавниот транспорт, кој го свикаа синдикатите на локално ниво, денеска го прекина сообраќајот на автобусите, метрото и трамвајот во повеќе италијански градови.
Во Милано работи само централниот дел од линијата 2 на миланското метро помеѓу станиците Абијатеграсо и Кашина Гоба, објави „Анса“.
Синдикатите изјавија дека штрајкуваат, меѓу другото, поради платите, застапеноста на преговорите за обновување на колективниот договор и поддоговорите на работите со надворешни компании, пренесува „Танјуг“.
Текстот Штрајкот на вработените во јавниот транспорт го прекина сообраќајот во неколку италијански градови е превземен од МАКФАКС.