Русија: Можна „случајна“ нуклеарна војна поради деменција на Бајден

Русија: Можна „случајна“ нуклеарна војна поради деменција на Бајден

пред 9 месеци

Прашањето за „случајна“ нуклеарна војна, по вина на САД, станува сè поактуелно, меѓу другото и поради проблемите со меморијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Михаил Попов.

„Ова прашање се почесто се слуша и станува се поактуелно. Особено по неодамнешното објавување на извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, назначен да го истражува случајот со тајните документи што Џозеф Бајден и неговата придружба ги извадија од Белата куќа. „Обвинителот го опиша американскиот претседател како постар човек со проблеми со меморијата, кој во многу случаи тешко се сеќава на основните факти и детали“, рече тој во интервју за весникот „Известија“.

Во исто време, како што потсети Попов, Бајден е единствениот во САД кој може да нареди нуклеарен напад.

Во тешката и нервозна внатрешно-политичка ситуација во Соединетите Американски Држави, цената на грешките во управувањето значително се зголеми.

„И не е далеку од глобална катастрофа“, додаде заменик-секретарот на Советот за безбедност.

„Повремено кај луѓето се јавува размислувањето дека контролата на американското нуклеарно оружје е во сомнителна состојба“, рече Попов. „Американскиот нуклеарен штит во суштина напукна по тајната хоспитализација на шефот на Пентагон, Лојд Остин“, рече тој, пренесува Спутник.

Текстот Русија: Можна „случајна“ нуклеарна војна поради деменција на Бајден е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top