(Видео) Карабаг со играч помалку во 122.минута ја елиминира Брага, нестварен пресврт на Фрајбург

(Видео) Карабаг со играч помалку во 122.минута ја елиминира Брага, нестварен пресврт на Фрајбург

пред 11 месеци

Нестварни реванши во Лига Европа вечерва се видени на стадионите во Фрајбург и Баку. Пласман во осминафиналето изборија Фрајбург и Карабаг.

Карабаг и Брага одиграа нестварен меч, кој кулминираше во продолженијата, во кои домашниот тим со играч помалку постигна два гола. Брага победи во Баку со 3:2, но доживеа елиминација бидејќи Карабаг во првиот натпревар славеше победа 4:2.

Откако Карабаг во 57.минута остана со фудбалер помалку, Брага ја започна доминацијата на теренот и со головите на Фернандеш и Џало избори продолженија.

Во 102. минута Силва го намали резултатот на преполниот „Стадион Тофик Бахрамов“. Но тука не беше крај на драмата, Банза во 115. минута реализираше пенал и повторно го изедначи вкупниот резултат. И кога сите очекуваа дека пеналите ќе го решат патникот во осминафиналето, во 122. минута Акундзаде предизвика нова експлозија на стадионот за вкупни 6:5 и солзи на тренерот Курбан Курбанов.

Драматично беше и во Фрајбург каде домашниот тим во 92.минута се избори за птродолженија, а во 99. за место во осминафиналето.

Фрајбург го елиминираше Ленс и покрај тоа што францускиот тим имаше предност од два гола, преку Давид Переира да Коста и Ели Ваи.

Унгарецот Роланд Шалај во 69-та го намали резултатот, а во 92.минута со вториот гол го однесе натпреварот во дополнителните 30 минути. Точка на натпреварот стави Австриецот Грегориќ. .