Претседателски избори во Русија на 17 март, за прв пат ќе гласаат и жителите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за рутинска пролетна регрутација со која се повикуваат 150.000 граѓани да служат во војска, се вели во документ објавен на веб-страницата на Кремљ.

Сите мажи на возраст меѓу 18 и 30 години во Русија се обврзани да завршат една година воена служба или еквивалентна обука за време на високото образование.

Во јули, Долниот дом на рускиот парламент гласаше за зголемување на максималната возраст на која мажите можат да бидат мобилизирани од 27 на 30 години. Новиот закон стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

Во септември, Путин потпиша наредба да повика 130.000 луѓе за регрутирање на есен, а минатата пролет Русија планираше да регрутира 147.000 луѓе.

Текстот Путин нареди мобилизација на 150.000 војници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top