(Видео) Динамо втор пат во четири дена среде Сплит го победи Хајдук

(Видео) Динамо втор пат во четири дена среде Сплит го победи Хајдук

пред 9 месеци

Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во финалето на Купот на Хрватска за сезоната 2023/2024. Избраниците на Сергеј Јакировиќ го победија на „Пољуд“ во Сплит Хајдук со резултат 1:0 (1:0). За трофејот Динамо ќе се бори со Риека која со ист резултат во Загреб ја победи Локомотива.

Ова беше втор триумф на Динамо, во Сплит, над најголемиот ривал за само четири дена. Динамо во саботата со идентичен резултат го совлада Хајдук и го оддалечи од борбата за титулата во првенството на Хрватска.

На Хајдук овојпат не му помогна ниту тоа што Иван Перишиќ, легендата на хрватскиот фудбал, заигра за прв пат откако потпиша договор со клубот. Тој влезе во игра во 72. минута и предизвика ерупција од воодушевување кај навивачите на Хајдук.

Клучниот момент од натпреварот се случи во 15. минута кога единствениот гол го постигна Сандро Куленовиќ.

Динамо 24.пат ќе игра во финалето на националниот Куп за Динамо, досега освои рекордни 16 титули. Од друга страна, Риека се пласираше во деветтото финале, каде ќе се бор за седмата титула.

Share
Scroll to Top