Чави: Заминувам со чиста совест

Чави: Заминувам со чиста совест

пред 6 месеци

Тренерот на Барселона во заминување, Чави Ернандез денеска изјави дека со чиста совест го напушта клубот. Чави вечерва против Севилја последен пат ќе ја води Барселона. Од наредната сезона тренер на блауграна ќе биде Ханси Флик.

„Мојата совест е чиста. Генерално, среќен сум, направивме добра работа дури и ако не ги остваривме целите оваа година. Задоволен сум, благодарен“, рече Чави на прес-конференцијата, пред натпреварот Севилја.

Претседателот на клубот Џоан Лапорта вчера го известил Чави дека нема да биде тренер наредната сезона.

Чави одигра 767 натпревари за Барселона во најдобриот период на клубот заедно со Лионел Меси и Андреас Иниеста. Тој меѓу другото освои осум титули во Примера и четири во Лигата на шампионите.

Како тренер на Барселона во првата сезона ја освои титулата во Ла Лига.

Share
Scroll to Top