Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, кога била активирана експлозивна направа во близина на локалниот спортски центар, соопшти црногорската полиција.
Експлозијата се случила во 9.10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации, убиени се припадници на озлогласениот криминален Шкаљарски клан, Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. Еден од нив починал на самото место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите.
Според црногорскиот медиуми, еден од убиените неодамна излегол од затвор.
Како што пишуваат медиумите, двајца повредени се припадници на организираната криминална група Шкаљарски клан.
Третото повредено лице е постара жителка на Цетиње, која во моментот на експлозијата минувала по таа улица. Таа била транспортирана во Клиничкиот центар во Подгорица.
Текстот Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан е превземен од МАКФАКС.