Светот на Android доживеа голема промена.
Дејв Бурк, до неодамна потпретседател на инженерството за Андроид, рече дека се повлекува од позицијата.
Како што изјави, ќе остане на Alphabet, но истовремено ќе бара „нови можности во AI/биотехнолошката сфера“.
„AI има потенцијал да игра клучна улога во брзиот развој на лекови кои би имале широка примена, вклучително и тешки педијатриски карциноми, што е тема блиска до мене“, рече Бурк на LinkedIn.
So… after 14 yrs leading Android engineering, I’ve decided it’s time for a change. An awe-inspiring ride helping build the biggest OS on the planet (+ many Nexus/Pixel). I’m forever grateful for the opp. Continuing as advisor while figuring out what’s next in AI/bio. More here:…
— Dave Burke (@davey_burke) June 13, 2024
„Не можам да резимирам речиси една и пол деценија работа во еден маил, но би сакал да ви се заблагодарам за можноста што се дава еднаш во животот. Останав овде толку долго бидејќи вака се гради иднината на компјутерите“, додаде тој.
Дури и ако не знаете кој е Дејв Бурк, сигурно сте запознаени со неговата работа. За време на неговите 14 години во Google, тој одигра значајна улога во изградбата на телефоните Nexus и Pixel, мобилната апликација Google Chrome, Android TV и многу повеќе.