Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Данецот Холгер Руне со резултат 3:0 (6:3, 6:4, 6:2) изјави дека дел од публиката покажала непочитување, но дека се фокусира на оние кои ги почитуваат играчите и го сакаат тенисот.
„Многу сум задоволен, мислам дека Руне не одигра на најдобро ниво. Ги загуби првите 12 поени, требаше психички да се опорави, да помине време за да влезе во натпреварот. Од моја страна мислам дека направив се што требаше. На вистински начин имав брејк точка со која се соочив на крајот од вториот сет.
Србинот се осврна на грубите навивачи, кои имаа неколку провокации на натпреварот.