Мурињо со „боцка“: Сега Манчестер јунајтед се фаворити во Лига Европа

пред 3 години

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо верува дека неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед сега е „еден од главните фаворити“ за титулата од Лига Европа, откако „ѓаволите“ вчера беа елиминирани по 3:2 поразот од РБ Лајпциг. На Јунајтед им беше потребно реми за да одат во осминафиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа тие губеа со 3:0, пред да не успеат да се вратат во финишот на мечот. Сега, тие одат во Лига Европа, каде што може да се судрат Тотенхем. Мурињо, кој беше прв човек на „Олд Трафорд“ од 2016 до 2018 ја освои токму Лига Европа со нив. „Манчестер јунајтед сега стануваат еден од фаворитите за титулата во ова натпреварување. Сите кои ќе дојдат од Лигата на шампионите се силни и обично не припаѓаат на нивото од Лига Европа. Јунајтед се еден од врвните тимови. Групата беше тешка со Пари Сен-Жермен и Лајпциг. Знаевме дека нема да биде лесно за нив“, вели Мурињо.

Share
Scroll to Top