(Видео) Невиден хаос на Копа: Нуњез со тупаници на трибините, му се придружија соиграчите

(Видео) Невиден хаос на Копа: Нуњез со тупаници на трибините, му се придружија соиграчите

пред 6 месеци

Колумбија го победи Уругвај со 1:0 во Шарлот во полуфиналето на Копа Америка со голот на Џеферсон Лерма во 39. минута. Успеа да го задржа водството иако цело второ полувреме го одигра со играч помалку по исклучувањето на нејзиното десно крило Даниел Муњоз.

Сепак, играта остана во сенка на хаосот што се случи по него на трибините на Американскиот стадион. Дарвин Нуњез, напаѓачот на Уругвај и Ливерпул влета на трибините полни со навивачи на Колумбија и почнал да ги напаѓа со тупаници. Набрзо му се придружија и соиграчите и на трибините беснееше вистинска пресметка.

Според уругвајските медиуми, дошло до жестока тепачка бидејќи навивачите на Колумбија ги малтретирале членовите на семејството на Нуњез кои биле веднаш до нив на трибините. Затоа Нуњез, револтиран од тоа што го трпат неговите најблиски, влетал и со тупаници се пробил низ нив до неговото семејство.

Набрзо тоа го направиле и останатите играчи на Уругвај. Тие исто така револтирано тврдат дека организаторите ги ставиле нивните семејства меѓу навивачите на Колумбија и дека поради тоа играчите на Уругвај морале да се борат низ трибините за да ги спасат жените, децата и родителите од нападите на колумбиските навивачи.

Откако Њунез ги однел членовите на семејството на безбедно, тој ја напуштил трибината каде што се тепал. Но тогаш навивачите на Колумбија почнале да го навредуваат, при што тој повторно влетал, и фрлил со столче кон нив.

Кога ситуацијата се смирила, Нуњез го тешел своето расплакано дете, кое морал да го спаси, бидејќи обезбедувањето потфрлило.

Share
Scroll to Top