Ел Гази на суд го доби Мајнц

Ел Гази на суд го доби Мајнц

пред 3 месеци

Судот во Мајнц пресуди во корист на Анвар Ел Гази и го укина неговиот отказ од истоимениот бундеслигашки клуб поради неговата поддршка за Палестина.

Холандското крило со марокански корени беше отпуштен во ноември минатата година. Откако доби отказ Ел Гази возврати со тужба.

Мајнц ќе треба да му плати 1,7 милиони евра на 29-годишниот фудбалер, а договорот останува на сила, пренесува Дојче веле

Ел Гази како слободен играч пристигна во Мајнц на крајот од преодниот рок. Сезоната претходно играше за Ајакс, а претходно за Лил, Астон Вила, Евертон и ПСВ Ајндховен.

Во кариерата одиграл два натпреври за репрезентацијата на Холандија.

Share
Scroll to Top