Спогодбено се разделија Струга и Бесарт Ибраими

Спогодбено се разделија Струга и Бесарт Ибраими

пред 5 месеци

Актуелниот шампион Струга ТЛ во одбрана на титулата ќе тргне без најдобриот стрелец. Бесарт Ибраими на неколку дена пред почетокот на новата сезона спогодбено го раскина договорот со клубот.

Како што стојат работите Ибраими ќе се врати во Шкендија, каде што и веројатно ќе ја заврши кариерата.

Бесарт Ибраими покрај во Струга и Шкендија, во Македонија има настапувано за Ренова, Напредок и Влазерими. Со 202 гола во кариерата тој е најдобар стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига.

Share
Scroll to Top