Гвардиола и Клоп се согласија: Потребни се пет замени во Премиер лигата

Гвардиола и Клоп се согласија: Потребни се пет замени во Премиер лигата

пред 3 години

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека се согласиле со неговиот ривал од Ливерпул, Јирген Клоп дека во Премиер лигата се потребни пет замени во еден меч по неделното 1:1 реми.

Додека другите европски лиги дозволија да продолжи правилото за пет замени и во новата сезона за полесно да се помине згуснатиот распоред, англиските клубови гласаа за враќање на трите замени по меч. По повредата на Трент Александер-Арнолд на „Етихад“, Клоп и Гвардиола се едногласни.

„Зборувавме со Јирген за петте замени. Ако луѓето ни дадат микрофони ќе им го дадеме нашето мислење. Денеска англиски фудбалер се повреди. Има многу слични проблеми. Низ целиот сет има пет замени, тука е сосема обратно. Зборувавме за ова многу пати. Тука фудбалерите не се штитат и тоа е катастрофа“, вели Гвардиола.

Share
Scroll to Top