Лион ги стави на продажба сите фудбалери

Лион ги стави на продажба сите фудбалери

пред 3 месеци

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион се наоѓа во многу тешка ситуација. На една недела пред крајот на летниот преоден рок, речиси сите играчи на Лион се ставени на трансфер листата. Клубот за да го испочитува финансискиот фер-плеј има рок уште една едела да собере 100 милиони евра.

„Л’Екип“, објави дека клубот на сите фудбалери им испратил порака дека сите се на продажба и дека ќе бидат продадени доколку некој им понуди сумата која ги задоволува нивните апетити.

Намерата на раководството на Лион е да инкасира 100 милиони евра крајот на летото, односно потребни им се уште 75 милиони евра за да биде се во ред со нивните книги.

Прашање е само зошто во досегашниот тек од преодниот рок на засилувања потрошија 34 милиони евра, од кои 34 одат на трансферот на Муса Нијакате од Нотингем Форест.

Share
Scroll to Top