Легендарниот Тото Скилаќи има тешка пневмонија

Легендарниот Тото Скилаќи има тешка пневмонија

пред 2 недели

Легендарниот напаѓач на Италија веќе извесно време е тешко болен и повторно е во болница.

„Нашиот сакан Тото е во стабилна состојба и лекарите деноноќно го следат. Форца, Тото“, стои во соопштението на семејството Скилаќи.

Поранешниот центарфор на италијанската репрезентација има 59 години, а веќе извесно време се бори со тешка болест. Тој има тумор на цревата, но овојпат има тешко воспаление на белите дробови, пренесуваат италијанските медиуми.

Скилаќи имаше завидна кариера, а се прослави на Светското првенство во 1990 година, кога беше најдобар стрелец на турнирот со шест гола. Играше за Месина, Јувентус, Интер и јапонскиот тим Џубило Ивата.

Во кариерата постигна повеќе од 200 гола, а два пати го освои Купот на УЕФА, еднаш со Јувентус, еднаш со Интер.

Тој израснал во една од најлошите населби во Палермо, град кој е центар на организираниот криминал на југот на Италија.

Share
Scroll to Top