Крадци со автомобил влетаа во Луј Витон во центарот на Париз, украдоа се’ за четири минути

Крадци со автомобил влетаа во Луј Витон во центарот на Париз, украдоа се’ за четири минути

пред 3 месеци

Четворица разбојници денеска околу 4 часот и 30 минути упаднале во продавницата на Луј Витон во центарот на Париз и за неколку минути украле повеќе од 100 предмети, јавуваат француските медиуми.

Разбојниците влегле во продавницата со автомобил возејќи во рикверц. Во рок од четири минути, според полициски извори, тие украле голем дел од робата на продавницата, вклучувајќи и повеќе од 100 луксузни предмети. Полициски извор наведува дека засега штетата се проценува на 900.000 евра.

По грабежот побегнале, а полицијата трага по нив.

Француските медиуми пишуваат и дека има видео од надзорните камери кои потврдуваат дека провалниците биле во продавницата само четири минути.

Текстот Крадци со автомобил влетаа во Луј Витон во центарот на Париз, украдоа се’ за четири минути е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top