Французинот што донел 50 мажи да ја силуваат сопругата е прогласен за виновен

Французинот што донел 50 мажи да ја силуваат сопругата е прогласен за виновен

пред 2 години

Во судот во Авињон, Франција, заврши судењето на Доминик Пелико (72) и на 50 други обвинети за силување на неговата сопруга Жизел Пелико. Доминик е прогласен за виновен по сите точки од обвинението. Тој е осуден на 20 години затвор, што е максимална казна за делото што го направил.

Судијата ги читаше пресудите и за другите обвинети, а досега над 40 лица се прогласени за виновни. Никој не беше прогласен за невин.

Најмладиот обвинет сега има 27 години, а најстариот 74. Сите мажи на кои им се суди во Авињон живееле во радиус од 50 километри од домот на семејството Пелико.

Жизел пред судницата беше пречекана од стотина луѓе со аплаузи и овации, а на судењето присуствуваа нејзините деца – Давид, Флоријан и Каролина.

Медиумите потсетуваат дека Пелико редовно учествувал на форум наречен „без нејзино знаење“ на страницата Coco.fr, кој содржи многубројни виртуелни простории за разговор во кои се велича сексуалното насилство. Таму најмил десетици мажи да ја силуваат неговата сопруга речиси десет години.

Дури откако Доминик беше уапсен во блискиот супермаркет во септември 2020 година, кога беше фатен како фотографира долна облека под женско здолниште, беше откриена неговата криминална мрежа. За ова дело доби условна затворска казна од осум месеци.

Додека го истражувала случајот, полицијата му ги запленила лаптопот и мобилните телефони и пронашла стотици фотографии и видеа од силувањето на сопругата отворајќи еден од најшокантните случаи на сексуален криминал во модерната француска историја.

Жизел Пелико, која се разведе од сопругот, рече дека мажите „ја третирале како кукла од партали“.

„Не кажувајте ми за сцените со секс. Тоа се сцени со силување“, рече таа.

Текстот Французинот што донел 50 мажи да ја силуваат сопругата е прогласен за виновен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top