(Видео) Девет лица загинаа во голем пожар во Тајван во зграда за преработка на храна

(Видео) Девет лица загинаа во голем пожар во Тајван во зграда за преработка на храна

пред 2 години

Девет лица загинаа во пожар што избувна во голема зграда за преработка на храна во изградба во централниот дел на Тајван, јавија локалните медиуми.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа густ чад и пламен кој доаѓа од едниот крај на зградата, пренесе АП.

Пожарот брзо се проширил, но причината се уште не е утврдена.

Едно лице починало откако скокнало од третиот кат, додека останатите жртви биле пронајдени при претрес на пожарникарите по изгаснувањето на пожарот.

Текстот (Видео) Девет лица загинаа во голем пожар во Тајван во зграда за преработка на храна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top